| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Дачиќ: неусогласената примена на европските прописи е причина за појава на афлатоксинот

ivica-dacic-ispitivanje-privatizacije-sumnjive-privatizacije-1352885030-198858

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денес во Брисел изјави дека појавата на афлатоксин во млекото во Србија е поради неусогласената брзина на примена на европските прописи за човекова и сточна храна и додаде дека за тоа го известил европскиот комесар за здравје и заштита на потрошувачите, Тони Борг.

-Ние пред неколку години сменивме еден пропис за количината на одредени супстанци во храната за луѓето, но не и за храната за животните и производите добиени од нив, која е согласна со прописите на Србија за дозволената количина во храната за животни, поради што има последици по количината на афлатоксинот во млекото – изјави српскиот премиерт.

Тој нагласи дека и двата прописа требало истовремено да се применат и додаде дека целта на српската владата е во наредните месеци да донесе закон за безбедноста на храната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top