Лино Червар се врати во Скопје и веројатно ќе го предводи Металург в недела против Нексе, на меч од СЕХА-лигата. Каква ќе биде разврската и кој ќе игра за македонскиот шампион во продолжението од сезоната е неизвесно со оглед дека кризата не е разрешена. Интересно е што Червар е број 1 на Хрватите за нов селектор на репрезентацијата ако Славко Голужа добие отказ или си замине од кормилото.
Симпатизерите на ракометот во Хрватска во огромен број бараат Червар да се врати како селектор, но тој пристигна во Скопје што е добар знак за Металург. Лошо за македонскиот првак е што сѐ уште нема разговори на релација играчи – раководство за надминување на сериозните проблеми. Ракометарите немаат земено плата неколку месеци, а дел од нив веќе и си заминаа. Разврската мора да се случи наскоро бидејќи Металург го очекува и продолжение на евроавантурата и настапот во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.