| четврток, 6 декември 2018 |

„Туркиш ерлајнс“ купува 117 авиони од „Ербас“

Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ ќе купи 117 авиони од европскиот производител на авиони „Ербас“, а нивната достава е планирана за периодот од 2015 до 2020 година.

Вредноста на договорот за купување на авиони од типот А320 изнесува 9,3 милијарди долари.

„Туркиш ерлајнс“ за разлика од другите авиопревозници во Европа презеде агресивни чекори за да стане глобална авиокомпанија, влегувајќи во директна конкуренција со ривалските авиокомпании од Блискиот Исток, како компаниите „Емирејтс“ и „Катар ервејз“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top