| четврток, 6 декември 2018 |

Внимаваме на безбедноста- „Туркиш ерлајнс“ се извини до патниците од вчерашниот лет до Истанбул

Претставништво на „Туркиш ерлајнс“ во Македонија во денешното соопштение до медиумите им се извинува на патниците поради вчерашниот неочекуван настан и доцнењето на летот Скопје – Истанбул.

Од „Туркиш ерлајнс“ потенцираат дека исклучително внимаваат на безбедноста и задоволството на патниците.

– Поради пронајдениот мобилен телефон, чиј сопственик не е познат, спроведени беа стандардните безбедносни процедури, според компаниските и меѓународните воздухопловни правила, и по превземањето на потребните дополнителни мерки на иницијатива на одговорните за безбедност на аеродромот, во 22:45 часот по локално време, воздухопловот беше спремен, по што летот беше остварен без проблеми, се наведува во соопштението.

„Туркиш ерлајнс“, како што се додава во соопштението, има летови до најмногу држави и меѓународни дестинации во светот и има мисија да ја поврзе Македонија преку Истанбулскиот транзитен центар со светот, соработката и целосната координација со македонските авторитети ги има и истите продолжуваат без прекин уште од 1998 година.

– Во оваа прилика му се заблагодаруваме на македонскиот народ за довербата во нашиот бренд, а благодарни сме им на македонските авторитети за успешното и безбедно решавање на оваа ситуација, се наведува во соопштението од претставништво на „Туркиш ерлајнс“ во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top