| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот патријарх Кирил е против абортус

ruski-patrijarh-kiril-1339078764-172002

Рускиот патријарх Кирил ја повика владата да ја зголеми поддршката на семејството и на традиционалниот брак и да го забрани финансирањето на политиката на абортус во земјата.

– Ако успееме да го намалиме бројот на абортусите за 50 насто, ќе имаме стабилен и силен наталитетет – изјави Кирил во првиот говор одржан од еден патријарх во Думата.

Тој посочи дека луѓето плаќаат за илегални хируршки интервенции, и затоа според патријархот, државата целосно треба да го укине абортусот. Поглаварот на Руската православна црква истакнал дека решение на тековната демографска катастрофа може да се изнајде во помагањето на младите брачни двојки, а пред пратениците порача и дека треба да се зголемат етичките стандарди на лекарите по ова прашање.

Патријархот го осуди сурогат- мајчинството, повикувајќи целосно да биде заменето со посвојување деца. Пред две години, во Руската Федерација беше донесен закон со кој се забранува рекламирањето на абортусот.

Ставот на руската црква наиде на одобрување во Думата поради 5-те милиони абортуси кои во Русија се прават секоја година.

Московскиот патријарх веќе понуди серија мерки со кои би им се наложило на Министрествата за здравство и за социјални работи „бременоста да ја сметаат како приоритетна задача на лекарите и на социјалните работници“, освен во случаи кога е загрозен животот на мајките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top