
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски беше повикан на средба кај Претседателот на Република Македонија , Ѓорѓе Иванов, на која се разговараше за Експертската комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, но и за настаните кои претходеа.
ВМРО-ДПМНЕ е непријатно изненадена од односот на СДСМ на оваа иницијатива на Претседателот Иванов. Имено откако веќе бевме поканети како партии и ние и СДСМ, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски упатил писмо до Претседателот Иванов со кое соопштува дека сеуште чекаат иницијатива за формирање на Комисијата. Значи, откако веќе ја добиле иницијативата, СДСМ реагира и бара иницијатива.
ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Генерален секретар Кирил Божиновски на оваа средба присуствуваше со целосна подготвеност да ги соопшти предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за членови на Експертската комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, но и за настаните кои претходеа. За жал СДСМ преку нивниот претставник на оваа средба, Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров покажа неспремност да ги соопшти нивните предлози за членови на оваа Комисија.
Дополнително, на оваа средба, ВМРО-ДПМНЕ иницираше и предложи текст на Меморандум меѓу политичките партии за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во ЕУ. Овој Меморандум би требало да го потпишат политичките партии во Република Македонија, а со него би се обврзале континуирано да ги спроведуваат сите активности и реформи за исполнување на критериумите за членство во ЕУ и ќе се воздржат од дејства и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


