
Македонските општини Гостивар, Липково и Чаир и косовските Драгаш, Витина и Гнилане ќе спроведуваат проекти преку ИПА-програмата за прекугранична соработка на Европската унија, со грантови во износ од 2,16 милиони евра.
„Во претстојните 18 до 24 месеци, избраните проекти ќе се фокусираат на заеднички активности од двете страни на границата на теми од социјално-економска соработка, животна средина, развој на туризмот, заштита на здравјето и родовата еднаквост“, рече на презентацијата на проектите евроамбасадорот Аиво Орав.
Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани укажа дека целта на втората компонента на инструмент за прекуграничната соработка помеѓу националните структури на двете држави е да се зголеми соработката преку обезбедување стабилност со помош на регионален развој на граничните области и рурален развој. Според државниот секретар во Министерството за економија на Косово, Беким Османи, проектите за прекугранична соработка ќе ја максимализираат соработката помеѓу двете држави. Разликите, потенцира, треба да ги гледаме како богатство, а не како поделба и треба да ги искористиме за доброто на граѓаните од двете страни на границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поделбата на општините клучна за колицијата меѓу СДСМ и ДУИ: Заев ги сака Арачиново, Студеничани и Чаир
-
Во Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар гласаат 218 болни и изнемоштени лица
-
Aлбанските општини од регионов формираа Унија
-
Комитетот на региони на ЕУ и Република Македонија: Догодина проект од 2,2 милиони евра за поддршка на општините


