| четврток, 6 декември 2018 |

Aлбанските општини од регионов формираа Унија

al-opstini

Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево формираа „Унија на албански општини“ во регионот. По првпат, според тиранската телевизија Топ чанел, се формира унија на главните општини раководени од Албанци во регионот.

Оваа асоциација има за цел создавање потребни механизми за меѓусебна соработка. Пред неколку  недели грдоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај ги примил градоначалниците на Приштина, Шпенд Ахмети, на Тетово – Теута Арифи, на Улциљ – Назиф Цунгу и на Прешево – Шќиприм Арифи кога е договорено формирањето на Унијата.

Првите луѓе на петте градови вчера попладне во очи одблежувањето на Денот на независноста на Албанија и денот на знамето, 28­-ми ноември, потпишале платформа за соработка во областа на урбанизмот, животната средина, културата,инвестициите и иновациите. ­

 

– Набрзо ќе создадеме стабилна мрежа каде ќе учиме од искуството, еден од друг, изјави Велиај. Неговиот колега од Приштина, Ахметај, изјавил дека треба да се искористи енергијта за доброто на граѓаните. Да покажеме,нагласил тој, дека можеме да соработуваме и да работиме за доброто на нашите граѓани.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, зборувала за улогата на жената во промените и успесите. По покана на Велиај, градоначалниците остануват во Тирана за да ја проследат празничната церемонија по повод 28­-ми ноември.

Поврзувањето на овие општини во регионот се оценува како обид за формирање на Голема Албанија на мала врата. Кон тоа тврдење се наведува и најавата дека на „Унијата на албански општини“ ќе бидат вклучени сите општини каде има албанско население, во географски рамки на тоа што албанските националисти го исцртуваат како граници на Голема Албанија.

b92

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top