| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шпанија соборен хеликоптер полн со хашиш

авио

Хеликоптерот преполн со хашиш што е соборен вчера на југот на Шпанија го управувал албанскиот пилот Сокол Фека, соопштено е во Тирана.

Министерството за одбрана соопшти дека ја добил информацијата од албанското МНР за тоа што се случило во Шпанија.

Во соопштението на албанското Министерство за одбрана се наведува дека Фека е во служба на албанската војска веќе 18 години и дека во 2009 година се здобил со чин мајор.

Хеликоптерот вчера во јужната шпанска провинција Малага, во близина на градот Кортес де ла Фронтера, го соборија припадници на шпанската полиција, сомневајќи се дека превезува дрога.

– Сè уште се обидуваме да утврдиме колку хашиш имало во хеликоптерот – рече вчера портпаролот на шпанската полиција, но локалниот весник „Малага ој“ објави дека хеликоптерот превезувал меѓу 800 и 900 килограми дрога и дека бил обоен во црно, за да биде што помалку видлив ноќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top