| четврток, 6 декември 2018 |

Талибанците собориле американски авион во Џалалабад, најмалку 14 загинати

armija

Најмалку 14 лица загинаа кога авион на американската армија се урна ноќеска на аеродромот во градот Џалалабад, во источниот дел на Авганистан.

Талибанците подоцна објавија дека го собориле американскиот военотранспортен авион, кој падна во Источен Авганистан.

– Нашите муџахедини соборија еден американски авион во Џалалабад – објави портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид на „Твитер“.

Меѓународните сили под команда на САД во Авганистан досега не ја соопштија прочината за уривањето на авионот на аеродромот во источниот град. Американски воен портпарол, меѓутоа, соопшти дека нема информации за непријателски оган во реонот.

Талибанците имаат практика да си припишуваат напади и да наведуваат поголем број жртви во своите напади.

Авионот Ц-130 „херкулес“ се урнал околу полноќ по локално време, но во соопштението на армијата на САД не се изнесуваат причините за падот.

Американскиот полковник, Брајан Трибас изјави дека шестмина од загинатите, биле припадници на војската на САД, додека другите биле цивили, ангажирани врз основа на договори за работа со армијата.

Авионите „херкулес“ се користат за превоз на трупи и на тежок товар, за потребата на армиските сили.

Околу десет илјади американски војници сè уште се наоѓаат во Авганистан, врз основа изменетиот план за првично определеното брзо повлекување, што беше направен на почетокот од оваа година.

Претседателот Барак Обама вети дека до крајот на 2016 година, во Авганистан ќе остане само мал број Американци, врзани за амбасадата на САД во Кабул.

На авганистанската територија останаа и уште илјада други војнци, како дел од НАТО, кои им помагаат на 40 илјади авганистански војнци, стационирани во источен Авганистан, во реонот каде се урна американскиот воен авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top