НУ Турски театар в сабота (31. 01.) со почеток во 20.00 часот ќе ја изведе репризата на претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир и во режија на Александар Поповски.
Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Сценограф : Свен Јонке, костимограф : Јелена Проковиќ, музика : Кирил Џајковски, а асистент на режија : Ивана Ангеловска. Улогите ги толкуваат: ТЕЗЕЈ : Атила Клинче, ХИПОЛИТА: Сузан Акбелге, ЕГЕЈ : Тамер Ибрахим, ЛИСАНДЕР : Осман Али, ДЕМЕТАР : Селпин Керим, ХЕРМИЈА : Филиз Ахмет / Несрин Таир, ЕЛЕНА : Слаѓана Вујошевиќ, ПЕТЕР КИНС: Аксел Мехмет, НИК БОТТОМ: Џенап Самет, ФРАНЦИС ФЛУТ: Неат Али, ТОМ СНОУТ : Ерман Шабан, СНАГ : Ријад Тахир, СТАРВЕЛИНГ : Тамер Ибрахим, ОБЕРОН: Атила Клинче, ТИТАНИЈА: Сузан Акбелге, ПУК : Салаетин Билал, ВИЛА: Росана Стефанова и ВИЛА: Сара Цветковска.

-Прашањето што денеска значи љубовта, сонот, илузијата, идеологијата не засега сите, а сонот е составен токму од овие елементи. Сонот во некој смисол е и радикален, бидејќи ние го напуштивме сонувањето, кое е дури и демоде. Денес соништата неможеме да ги најдеме на пазарот. Светот на фантазијата, митовите, потсвеста – за мене светот на убавината – е обвиткан со завеса, зад која ретко погледнуваме. Во оваа претстава не сакавме до крај да ги одвоиме стварноста и сонот; во целина претставата можеби е сон на еден стар човек, можеби на Пук, а можеби и на актерот кој го играл Пук. Јас оваа претстава ја гледам како една сфера, во која има уште една сфера и уште една… Сон во сонот сон… Овој сон продолжува се до крајот на монологот на Пук, кој го “позајмивме” од Просперо, бидејќи Просперо истовремено е и Пук, како што Сон на летната ноќ и Бура на места е истиот текст, вели режисерот Александар Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Александар Поповски поднесе оставка од УО на МНТ: Во културата треба да се мрднеме од местото каде што сме затоа што сега одиме по инерција
-
По пауза од 16 години, Поповски повторно гостуваше на „Скопско лето“, сега со мајсторската „Крал Рикард Трети“
-
Агенцијата за филм ќе финансира тв-серија „Зоки Поки“ во режија на Александар Поповски
-
Васо Ристов и Александар Поповски се нови селектори на музичката и драмската програма на „Охридско лето“


