| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за филм ќе финансира тв-серија „Зоки Поки“ во режија на Александар Поповски

Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот распишан на 27 декември 2017, за финасирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за поддршка на производство на други аудиовизуелни дела (играна серија и документарна серија) и други проекти од национален интерес во филмската дејност (едукативни програми и програми за развој и унапредување на филмската култура и кинематографија и поддршка за членство на Република Македонија во меѓународни филмски организации) во 2018.

Според објавените резултати, режисерот Александар Поповски од Агенцијата за филм доби 19 милиони денари (310 илјади евра) за снимање на ТВ-серијата „Зоки Поки“, во продукција на „Кино око“.

„Зоки Поки“ е роман за деца од македонската писателка Оливера Николова, објавена во 1963 година од „Детска радост“. Долги години книгата е задолжителна лектира за учениците од основните училишта во Македонија. Книгата е преведена на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.

Покрај Поповски, Агенцијата поддржа и две документарни серии, „Европски приказни“ во режија на Марко Ѓоковиќ и „Еуро Вижн “, која доби 84 илјади евра (5,2 милиони денари), како и „Динамиката на македонската демократија 2006-2016“ во режија на Ѓоковиќ, Лидија Мојсовска и Сашко Потер Мицевски. Оваа серија на „ОХО продукција“ доби 130 илјади евра (8,1 милиони денари).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top