Алекс Овечкин со два гола ги урна „пингвините“ од Питсбург во дербито на НХЛ-лигата, што неговиот Вашингтон го доби со 4-0, а патем беше расположен и за кавга.
Како терминатор, рускиот ас си поигра со противниците и притоа предизвика масовна тепачка на хокеарите од двата тима. Најпрво го легна на мразот Кристијан Ернхоф, а потоа на спротивната страна влезе во клинч со Сил. Се вмешаа уште неколку играчи од двете екипи, а епилогот беше 4 минути принуден одмор за Овечкин и двојно помалку за Сил.
Натпреварот заврши со победа на Вашингтон од 4-0, а главен креатор на триумфот на домашната екипа секако беше Овечкин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



