| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Георгиев: Не пијам на концерт, не ја правам таа грешка двапати

Убаво озвучување, професионални музичари, многу танчари, гости, изненадувања и, пред сè, квалитетн звук и музика, вака организаторите, македонската продукција „Прагма“ и продукцијата„Барба“ (сопственост на пејачот), го најавуваат солистичкиот концерт на Владо Георгиев. По десет години, српскиот пејач со црногорска крв ќе прави концерт во Скопје, закажан за 14 февруари во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Не сакам многу да зборувам како ќе биде на концертот, мислам дека е подобро да се зборува за настанот после тоа. Да не биде се фалевме, а не дојде никој – изјави Владо Георгиев на денешната прес-конференција.

Неговиот албум „Даљина“ го смета за реинкарнација по неколкугодишната пауза. Вели таа добро му дошла за да создаде нови песни и повторно активно учествува во балканската музичка сцена. Како кантавтор, и самиот за себе вели дека припаѓа на чудна група луѓе.

Кантавторите се чудни. Тие го пишуваат и пејат својот живот. Само во мал дел од моите песни сум позајмил туѓи приказни, другото е од мојот живот – изјави тој.

На одговор на новинарско прашање, Георигиев изјави дека иако е голем љубител на добрата дружба и алкохолот, не пие за време на концертите.

Не ја правам таа грешка двапати – се шегува тој.

vlado georgiev (Custom)

Владо во Скопје дојде синоќа, а утревечер на приземјето во „Ситимол“ ќе се дружи со обожавателите, ќе потпишува и дели свои албуми, ќе се слика со обожавателите и, за крај, ќе изведе дел од своите најголеми хитови. Настанот почнува во 19.30 часот.

Картите за концерот, пак, веќе се во продажба. Цените на билетите до 1 февруари се:

ПАРТЕР СТОЕЊЕ – 600 ДЕНАРИ
ФАН ПИТ – 1000 ДЕН. / СТОЕЊЕ ( ОГРАНИЧЕН БРОЈ )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 750 ДЕНАРИ ( БЛОК 5,6,10 и 11 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 800 ДЕНАРИ ( БЛОК 7,8 и 9 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 900 ДЕНАРИ ( БЛОК 4 и 12 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 1000 ДЕНАРИ ( БЛОК 2 и 14 )
ТРИБИНА СЕДЕЊЕ – 1500 ДЕНАРИ ( БЛОК 3 )
ВИП ТРИБИНА – 2000 ДЕНАРИ ( БЛОК 13 )

Информации и резервација на 078 88 47 37.

Продажните места каде што може да се набават влезници се: ½ Југотон, Југотон, цвеќарница Розе во Веро 2, Камарад Рамстор, Тобако, Корнер, продажната мрежа на купикарти за се и низ локалните кафулиња и плоштади низ државата. За фановите на Владо Георгиев од останатите градови од Р.Македонија, има организиран превоз.

Интервју со Владо Георгиев следува во наредниот број на неделникот „Република“, како и видеоразговор на Република.тв“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top