| четврток, 6 декември 2018 |

Кипријановска: На Македонија не ѝ е одземено правото на глас во ОН

Долгот за членарина на Република Македонија е намирен и не ѝ е одземено правото на глас во ООН, нагласи заменик­-министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска одговарајќи на прашањето од пратеничката Роза Топузова­ – Каревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Топузова­-Каревска не беше задоволна од одговорот и посочувајќи дека е пропуштен и двегодишниот дозволен прериод на пречекорување, побара некој да ја понесе одговорноста за направената штета по угледот на Република Македонија.

Таа праша и дали Владата е запознаена со информациите дека од Република Македонија за 10 години се испумпани 5,4 милијарди долари нелегални пари, а само 520 милиони долари се изнесуваат во проесек, на годишно ниво.

На ова прашање одговори министерот за финансии Зоран Ставрески, кој истакна дека цитираниот извор од страна на пратеничката не е најрелевантен, но сепак ќе треба да се провери, а одговорот Топузова -­ Карева ќе го добие дополнително.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top