Шкотскиот тенисер Енди Мареј е првиот финалист на Oтвореното првенство на Австралија по победата над Томаш Бердих од 3-1 (6-7, 6-0, 6-3, 7-5) во сетови.
Тој имаше проблем со првиот сервис во првиот сет и затоа не успеа да го освои, и со максимални 3-0 извојува победа.
Во натамошниот дел од натпреварот сѐ си дојде на свое место откако во вториот сет без загубен гејм го изедначи резултатот, а потоа успеа со целосен пресврт да дојде до победата.
Во досегашниот дел од кариерата Енди Мареј трипати играше во финалето на Oтвореното првенство на Австралија, но ниту еднаш не успеа да го освои овој гранслем.
Двапати губеше од Новак Ѓоковиќ и еднаш од Роџер Федерер.
Во финалето Мареј ќе игра против победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и минатогодишниот освојувач Станислас Вавринка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.