| четврток, 6 декември 2018 |

Цел град во Сибир стана санта мраз: среде зима пукнала водоводна цевка (видео)

Во градот има недостиг од топла вода и од струја, но интересно е што интернетот работи совршено.

24550177781_761061S0

Граѓаните на Дудинка, местенце во средиштето на Сибир, во средата наутро беа непријатно изненадени кога видоа дека градот преку ноќ им се претворил во санта мраз! Што се случило? Големото снежно невреме било фатално за главната градска водоводна цевка, која набргу пукнала и градските улици биле поплавени за секунда. Температурата на воздухот била минус 40 степени, така што сѐ се замрзнало во една секунда. Мразот бил толку висок што луѓето кои живеат на приземје не можеле да излезат од своите домови. Во градот има недостиг од топла вода и од струја, но интересно е што интернетот работи совршено.

– Ако некој има какви било недоумици колку е овде студено, слободно нека ги погледне фотографиите кои ги испраќаат граѓаните на Дудинка – велат од локалната заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top