МВР излезе со официјално соопштение за синоќешната несреќа, во која животот го загуби четиригодишно девојче. Вчеравечер во 20.20 часот во нас. Превалец-Велес непознато лице управувајќи автомобил непозната марка удрило во пешак, 4-годишно женско дете од с. Горно Јаболчиште, кое со својата мајка Л.З.(37) чекале такси-превоз. Детето е пренесено во ЈЗУ Велес каде што е констатирана смрт.
По преземени мерки во врска со настанот, приведен е Е.М.(28) од с. Горно Оризари, а во утринските часови е пронајдено и возилото „голф 2” со велешки регистарски ознаки, кое возачот го оставил на патот кон село Фојница, општина Чашка.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


