Полициската станица во Кавадарци поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Кавадарци и А.К.(31) од с. Ваташа, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што е наведено во полицискиот билтен, на 19.09.2014 година, пријавените со возило заминале за Велес каде што се сретнале со лице од истиот град од кого набавиле марихуана за сума од 3.500 денари.
При личен преглед над првопријавениот пронајдена е марихуана во тежина од 13,95 грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.