| четврток, 6 декември 2018 |

Зборникот „Името е нашата татковина“ претставен во Велес

Во Ликовниот салон во Велес во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” беше промовиран зборникот „Името е нашата татковина“. Промоцијата на овој зборник беше во организација на Повардарската епархија и граѓанската иницијатива „Македонски манифест“.

Пред присутните се обрати митрополитот Повардарски Агатангел, а за значењето на делото говореа некои од авторите и воедно промотори, Ристо Никовски и Ефтим Клетников.Промоцијата беше збогатена со настап на младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“, а под диригенство на Веселинка Маџарова.

Зборникот е двојазичен (македонски и англиски) и ја толкува македонската генеза од изворот до денешни дни. Инаку, зборникот „Името е нашата татковина“ ќе биде дистрибуиран во Амбасадите и некои европски авторитети во Брисел и други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top