| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова како тенк, во две рунди со две „метли“

Марија Шарапова немилосрдно ги гази противничките на Австралија опен и веќе е во третото коло во Мелбурн, со две победи без загубена игра. Импресивен е билансот од 24-0 во гејмови на руската тенисерка, а по Олга Пучкова со популарната „метла“ мина и Мисаки Дои од Јапонија. По 18 години Шарапова е првата тенисерка на гренд слем турнир што не загубила ниту една игра во стартните два натпревари.

-Не знаев дека постои таков рекорд. И не е важно за мене. Се бројат титулите, а тие се цел на сите што играат на турнирите – рече Русинката по победата против Дои. Марија мина само 102 минути на терените на Мелбурн Парк во првите две рунди, а вистински тест за нејзините амбиции во потрага по петтиот гренд слем трофеј е следната противничка, Венус Вилијамс. Тоа ќе биде дербито на третата рунда. Заедно двете тенисерки имаат 11 гренд слем трофеи.

За изненадување се погрижи кинсеката претставничка Жи Женг која ја порази 9. носителка Саманта Стосур.

Кај мажите понатаму минаа сите фаворити, освен 23-рангираниот Михаел Јужњи кој загуби од сонародникот од Русија, Евгени Донској, во 5 сета. Во третото коло се пласираа Давид Ферер, Томаш Бердих, Николас Алмагро, Станислас Вавринка, Кеи Нишикори…..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top