| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео од убиството на 30-годишниот маж во Белград

strashni-sceni-od-ubistvoto-na-milosh-223430

Во пукањето што се случи вчера во Нов Белград убиен е 30-годишниот Милош Милановиќ познат како Јапи, откако претходно се впуштил во тепачка со непознат маж, кој, пак, во него истрелал смртоносен куршум откако почанал да бега по скалите.

Немилиот настан се случил во средата на улицата Јуриј Гагарин број 60. Само неколку минути по здобиените рани Милош починал.

Тепачката претходно настанала во подрумот во една зграда и кога Милановиќ се обидел да побегне, додека бил на скалите, непознат маж му пукал во грбот.

Тој успеал да претрча уште 100 метри, но потоа паднал и им подлегнал на раните.

– Тој е брат на мојот зет. Се враќав од прошетката со кучето кога видов дека во тек беше увид, а кога го забележав и зетот, помислив на најлошото – вели еден од очевидците.

Еден станар од зградата, кој живее на 11 кат, пак, додава дека неговата сопруга го слушнала пукањето, поради што излегла на прозорец и го видела момчето како лежи на бетонот.

Се испружи и легна, а потоа се обиде да продолжи со одењето. Ми изгледаше како да е пијан, па па не му обрнав внимание. Само слушнав дека е погоден со куршум, и дека починал од внатрешно крварење – вели тој.

Милановиќ е по потекло од Ужице, но живеел во Нов Белград. Тој од претходно ѝ бил познат на полицијата и имал криминално досие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top