
Вашингтон ѝ се закани на Москва со нови санкции нагласувајќи дека доколку Русија не престане да ги поддржува сепаратистите во источниот дел на Украина, тоа ќе ја чини уште поскапо.
– Додека Русија не престане јавно да ги прекршува преземените обврски, цената за тоа ќе продолжи да се зголемува – изјави потпретседателот на САД, Џо Бајден, во телефонски разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко.
Истовремено, Белата куќа ги осуди сепаратистите поддржани од Русија и убиствата на цивили за време на нивната офанзива во источниот дел на Украина.
Русија постојано демантира дека ги поддржува сепаратистите во Украина, упатувајќи остри критики против мерките на Западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


