
Британските здравствени власти спроведуваат „агресивна регрутација“ на лекари од странство и во минатата година тие имале неполни три илјади лекари од други земји, пишува „Гардијан“.
Стручни кадри од најмалку 27 земји од светот се вработени во 32 од 160 болници во Англија.
Здравствените работници подолго време се жалат на растечкиот проблем со недостиг од квалификуван персонал, а истражувањето на „Гардијан“ покажува дека поради тоа британската Национална служба за здравство презела нов курс. Најмногу лекари дошле од Индија, Австралија и од Грција, но и од Ирак, Сирија и од Судан.
„Гардијан“ пишува дека во 2014 година се вработени 2.957 лекари кои се школувале во странство, што е дури две петини од вкупниот број лакари кои добиле работа. Од вкупно 267.150 лекари во Англија, 97.915 се школувале во странство, а од вкупниот број лекари 34.120 се специјалисти.
Според весникот, во последните години се ангажирани лекари и од Унгарија, Летонија, Грчка и од Балканот.
Освен што имаат потреба за лекари, Британците се борат и со недоволен број медицински персонал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


