| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон: Изградбата на „Турски тек“ отвора дилеми

јужен тек

– „Јужен тек“ никогаш не беше само економски проект. Сега останува да се види која е идејата на Русија со изградбата на „Турскиот тек“. Тоа пред нас отвора дилеми дали тоа што еден проект што никогаш не беше само економски се заменува со друг е само економска мерка или во прв план е нешто друго – изјави Елкајнд во обраќање во Научно-истражувачкиот центар „Вудроу Вилсон“ во Вашингтон.

Нагласувајќи дека одлуката на Русија да се откаже од реализација на проектот „Јужен тек“ претставувало „изнендаување за многумина“, Елкајнд додаде дека останува да се види која е идејата на Москва со планот за изградба на „Турскиот тек“.

Рускиот претседател Владимир Путин на 1 декекмви минатата година, за време на посетата на Анкара, соопшти дека Русија се откажува од проектот „Јужен тек“ и најави подготвеност на Москва за изградба на друг гасовод за дистрибуција на руски гас за Турција.

Според најавите од „Гаспром“, преку „Турскиот тек“ треба да се дистрибуираат 63 милијарди кубни метри гас, што сега се доставуваат преку територијата на Украина.

Претседателот на Советот на директори на „Гаспром“, Виктор Зубков вчера изјави дека одлуката за изградба на „Турскиот тек“ била донесена од највисокото политичко раководство на Русија.

– „Турски тек“ ќе гарантира дистрибуција на истото количество гас што сега се транспортира преку Украина – изјави Зубков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top