| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Осумгодишно дете приведено за поттикнување тероризам

Aftermath of hostage taking in ParisОсумгодишниот Ахмед од Франција е сослушан во полициска станица во Ница поради поттикнување тероризам, пренесуваат француските медиуми. Детето е обвинето дека застанало во одбрана на терористите по нападот на седиштето на „Шарли ебдо“ во Париз, велејќи во училиште дека тој не е Шарли, туку дека е со терористите.

Директорот на училиштето поднел жалба против таткото на Ахнед, кој потоа присуствувал на двочасовното сослушување на синот. Ученикот негирал дека кажал такво нешто, додека на прашањето што е тероризам не знаел да одговори точно.

За сега не се знае во кој правец ќе води истрагата, наведуваат француските медиуми и додаваат дека Ахмед и претходно бил познат по слични испади.

По терористичкиот напад на „Шарли ебдо“ и еден ден подоцна на еврејската продавница во близина на Париз, властите презедоа строги правосудни мерки против поттикнувачите на тероризам.

Една недела по нападите се покренати повеќе од 50 судски процедури, изречени се неколку пресуди, меѓу кои и казна затвор од четири години на 34-годишен Французин, кој прво бил фатен дека вози пијан,  а потоа ги фалел нападите во Париз и им рекол дека требало и нив да ги убијат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top