Македонскиот кошаркар и годинава нема да настапи на Мечот на сите ѕвезди, популарниот олстар-викенд на НБА. Перо Антиќ не се најде на листата од 10 странски кошаркари кои се прва или втора сезона во НБА лигата, а треба да настапат на отворањето на олстар- викендот на 13 февруари во Бруклин, на натпреварот наречен „Ѕвезди во подем“.
Првиот Македонец во НБА лани успеа да влезе во тимот, но не настапи на натпреварот поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.