| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една жртва на удар од воз – мртво тело кај Миравци

voz

Денеска во атарот на село Миравци во гевгелиско, непосредно покрај пругата е пронајден машки труп со повреди на главата, настанати од удар на воз, дознава Алфа.

Според информациите од нашиот извор починатиот немал во себе документи за идентификација и најверојатно се работи за странски државјанин. По извршениот увид на лице место, телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.

Изминатиот период на пругата од Гевгелија кон Велес загинаа неколку лица, мигранти главно од Сирија и Авганистан. Сите случаи обвинителството ги затвори како несреќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top