| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески ќе гради катни гаражи во Охрид

Никола Бакрачевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе гради катни гаражи бидејќи актуелниот прв татко на градот, Александар Петрески, не успеал да го реши хаосот во сообраќајот и паркирањето.

nikola-bakraceski-577x320
–  Најодговорно ја преземам одговорноста за овие непочнати и незавршени проекти. Еден од нив е секако изградба на катна гаража. Ви ветувам на сите овде  и на охриѓани дека на ова место ќе никне една современа катна гаража – вети Бакрачески.
Петрески, пак, обвини дека кампањата на Бакрачевски била плагијат на минатите локални избори, препишана од неговата програма.
– Сакам да истакнам дека јас не се лутам на луѓето кои зборуваат во спотовите и кои се мои блиски пријатели. Затоа што ги разбирам, го разбирам притисокот врз нив и диктаторското однесување на оваа власт – рече Петрески, кандидат за градоначалник од „Сојузот на иднината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top