
Сите членови на вториот и третиот пензиски столб редовно да ги ажурираат своите лични податоци и да пријават секаква нивна промена до пензиските друштва, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, со цел тие да можат навремено да ги добиваат годишните известувања од пензиските друштва, апелира Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување МАПАС.
– За ажурирање или корегирање на своите податоци, членовите на пензиските фондови потребно е да се обратат во пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд во кој членуваат и да пополнат – Барање за ажурирање или корекција на лични податоци, се истакнува во денешното соопштение од МАПАС.
Оттаму информираат дека пријавите за ажурирање можат да се испратат на адресата на седиштата на пензиските друштва, а информации да се добијат на веб-страниците или на нивните телефонски броеви.
Од МАПАС појаснуваат дека пензиските друштва до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со кои управуваат еднаш годишно доставуваат извештај (зелен плик) за пензиска заштеда на индивидуална сметка, на доброволна индивидуална сметка и на професионална сметка и извештај за инвестициско портфолио. Пензиските друштва до членовите и пензионираните членови на пензиските фондови со кои управуваат, годишните известувања ќе ги достават до 31 март годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира


