| четврток, 6 декември 2018 |

Германија бара Грција да биде фер со европските граѓани

zigmar

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел побара новата грчка влада да биде фер со граѓаните на Германија и Европа кои што помогнале да се спаси грчката економија, јави дописникот на МИА од Берлин.

– Атина треба да покаже фер однос кон Германците и граѓаните на еврозоната кои што предходно покажаа солидарност кон Грција – изјави Габриел за медиумите откако новиот грчки премиер Ципрас предупреди дека веќе нема слепо да се придржува на барањата на ЕУ и побара „фер“ договор со кредиторите.

Според Габриел, цел на Германија е да ја задржи Грција во еврозоната, но за тоа да се случи Атина мора да покаже фер однос кон нашето население, вели министерот за економија.

Тој вели дека „Грција не може едноставно да одбере што сака а што не сака да направи и да очекува нејзините соседи да паднат во дупката. Не е во ред земјата да не се обиде да спроведе реформи и да очекува тие кои што не работат или не живеат во Грција да бидат нејзини жртви“.

Грчките партнери во еврозоната вкупно и позајмиле 200 милијарди евра преку различни аранжмани. Германија како најголема европска економија во вкупната сума учествува со над една четвртина или околу 55 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top