| четврток, 6 декември 2018 |

Jордан со ИД ќе размени ирачка затвореничка за заробен јордански пилот

јордан

Јордан е подготвен да размени Ирачанка, која ја држи во затвор, за јорданскиот пилот, кој во декември беше заробен од групата Исламска држава, потврди јорданскиот владин портпарол, цитиран од американските медиуми.

– Јордан е подготвен да ја пушти на слобода затвореничката Саџида ар Ришави, доколку јорданскиот пилот поручник Муас ал Касасбех  биде пуштен на слобода и неговиот живот биде поштеден – посочи  портпаролот Мохамед ал Момани.

Во својата изјава Момани не го спомена јапонскиот новинар Кенџи Гото, кој, исто така, е заробен од групата.

Портпаролот дополни дека приоритет на Јордан ќе биде ослободувањето на пилотот, кој потекнува од јорданско племе кое се  наоѓа на грбот на Хашемитската монархија.

Неколку стотини лица, вклучувајќи и роднини на пилотот, вчера се собраа пред канцеларијата на јорданскиот премиер со барање властите да ги исполнат условите, поставени од Исламска држава и да ја ослободат Ришави.

Барањето на ИД е ирачката џихадистка да се ослободи во рок од 24 часа, бидејќи во спротивно тие ќе ги егзекутираат Касасбех и Гото, ултиматум што, според јапонските власти, истекува денеска во 14 часот по Гринич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top