| четврток, 6 декември 2018 |

Мишел Обама ги прекршила правилата во Саудиска Арабија

misel-odbiva-da-stavi-samija-01 - Copy

Првата дама на САД, Мишел Обама, при пристигнувањето со нејзиниот сопруг Барак Обама во Саудиска Арабија, ги прекршила правилата. Американски медиуми и корисници на социјалните мрежи ја критикуваа првата дама, бидејќи ги прекршила правилата на исламскиот бонтон и не ја покрила главата со марама при посетата во Ријад.

Корисниците на „Твитер“ реагирале негативно на недостатокот на марама за време на средбата со кралот на Саудиска Арабија. И покрај фактот дека Мишел носела строго формална облека, луѓето во кралството коментирале дека првата дама е прилично нескромна, соопштува американското издание „Политико“.

misel-odbiva-da-stavi-samija-01

Во Саудиска Арабија дрес кодот налага жените на јавни места да носат црна облека, а главата да им е покриена. Локалните жители ја критикуваа првата дама, бидејќи ја покрила главата во џамија во Индонезија, но не и во Ријад.

Видеото од средбата на Барак Обама и кралот Салман, било распространето на социјалните мрежи, но Мишел Обама била замаглена. Новинарите кои обрнале внимание на нејасната слика, претпоставуваат дека саудиската телевизија намерно ја замаглила, но од Амбасадата на кралството во САД го негираа тоа.

Новинарите, кои ја следеле посетата на Обама и неговата сопруга, забележале и друг прекршок. Тие забележале дека кралот се поздравил со првата дама, а исламот строго забранува маж да допира друга жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top