Откако пред две недели јавноста беше изненадена од сознанието дека бебе е излекувано од ХИВ, пристигнуваат нови извештаи за првите успешни третмани и кај возрасни. Она што е клучно за сите случаи е лекот и раното почнување на третманот.
На институтот „Пастер“ од Париз 70 лица заразени со ХИВ биле подложени на третман, а истите пред почетокот морале да ги прекинат сите терапии што им биле во тек.
Третманот на сите пациенти почнале меѓу 35 дена и 10 недели од нивното инфицирање.
Поголемиот дел од 70-те пациенти положени на третманот не го завршиле истиот, по што болеста се вратила на истото ниво како и пред почетокот на терапијата.
За разлика од поголемиот дел од заразените, 14 пациенти (4 жени, 10 мажи) кои до крај останале на терапијата успеале да го потиснат вирусот.
Четиринаесет лица иако сѐ уште имаат траги на ХИВ во нивната крв, тој е на толку ниско ниво што нивното тело може само да го контролира без никаква потреба од дополнителни лекови. Во просек, 14 пациенти веќе 7 години не земаат лекарства, а еден од нив цели 10 и пол години е без никаква терапија.
Дополнителните анализи покажуваат дека ниту еден од пациентите не бил од еден процент од светската популација што е природно отпорна на ХИВ. Сега истражувачите се обидуваат да откријат зашто е клучно терапијата да се почне уште во раната фаза на болеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.