Фотографот на „Република“, Ѓорѓи Личовски заедно со уште деветтмина истакнати личности од Македонија од различни области денеска ги примија признанијата за „Личност на годината“ 2014 кои ги додели редакцијата на весникот „Нова Македонија“.

Почетоците на кариерата на Личовски се токму во овој весник. Сега е вработен во неделникот „Република“, а со години е дел од тимот на Европската прес-агенција (ЕПА) од Германија. Со посредство на ЕПА, тој направи едни од најуспешните фотографии во светот, како што беше, на пример, фотографијата од голот на Андрес Иниеста во финалето на СП 2010, која се појави на сите насловни страници на најголемите светски весници, како „Лос Анџелес тајмс“, „Ју-ес-еј тудеј“, „Гардијан“, „Тајмс“ и други. Личовски го „фати“ и првиот гол на македонската фудбалска репрезентација, на Зоран Бошковски, во 1993 година, во Крањ (Словенија – Македонија 1-4).
-Жалам што денеска не сум таму со вас, но таква е нашата работа. Најчесто не сум таму каде што сакам, а морам да бидам таму каде што сум потребен, рече меѓу другото Личовски, кој се заблагодари со видео порака од Катар каде го следи Светското првенство за ракомет на мажи.

„Нова Македонија“ ја продолжува традицијата, која ја почна пред две години, за избор на најистакнати личности што во текот на годината дале особен придонес за афирмација на Република Македонија. Годинава, Редакцијата ги избра следниве десет личности од јавниот и општествениот живот: Ѓорѓи Личовски – фоторепортер, Тања Царовска – музичарка, Игор Стефановски-Иџе – автомобилист, Здравко Дејановиќ – алпинист, Калин Бабушку – претприемач, Глигор Чемерски – сликар, Весела Богдановиќ – наставничка, Летка Димовска-Полизова – диригентка, проф. д-р Глигор Димитров – гинеколог и Марина Димоска – студентка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трамп: „Тајм“ ми понуди повторно да бидам личност на годината, ги одбив
-
Врати се во Муртино за да види живот Македонија
-
Енди Мареј го претрпе најтешкиот пораз: Пред да ја добие наградата за личност на годината, сопругата му призна дека го изневерила (Видео)
-
Расказот „Шеќерен град“ на Оливера Ќорвезировска победник на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“


