| четврток, 6 декември 2018 |

Разлутен бик беснеел на кумановската автобуска станица (видео)

kumanovo

фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Бик вчера напладне влетал на паркингот пред Автобуската станица во Куманово. Според локалниот портал Куманово Њуз, животното, дотрчало од улицата кај Градскиот парк и влегло на пероните, каде што се паркираат автобусите за меѓуградските и градски линии. Според очевидци, тогаш настанала вистинска драма кога животното се исплашило од луѓето и почнало неконтролирано да трча и скока на сите страни.


(видеото е преземено од А1ОН)

Испаничени патници и вработените бегале на сите страни за да се спасат од разулавеното говедо. Не можеле да го скротат ни сопствениците, кои се плашеле дека ќе ги повреди, па побарале помош од ветеринарите. Драмата траела околу 15 минути, по што бикот си заминал од кај што и дошол, кон Градскиот парк. Во меѓувреме стигнала и полицијата, која ќе го испита случајот.

За еден месец ова е втор пат исплашени животни да напаѓаат луѓе, пред Нова година на бензинската пумпа Лукоил на автопатот Куманово­ Скопје, бик направи хаос кога влезе во маркетот на пумпата.bik-vo-lukoil-02a-650x433

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top