МВР ги соопшти деталите за синоќешните нереди во скопски Аеродром. Имено, вчеравечера околу 20,00 часот на паркингот позади ТЦ „Капитол“, две непознати лица извршиле физички напад над 14-годишно момче, кој бил заедно со уште двајца пријатели на возраст од по 16 години.
Напаѓачите најпрво ги пресретнале на паркингот и почнале да ги бркаат, при што двајцата 16 годишни лица избегале во еден правец, а 14-годишниот малолетник се упатил во правец кон Ново Лисиче. Таму бил пресретнат од двете непознати лица и физички бил нападнат.
Во еден момент оштетениот успеал да избега по што лицата со автомобил „мерцедес” го напуштиле местото на настанот и откако стигнале во близина на ТЦ „Капитол“ од огнено оружје испукани се неколку куршуми во непознат правец.
На 14-годишното лице му е укажана лекарска помош во Градската Болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди.
По преземени мерки од страна на СВР Скопје пронајдено и приведено е лицето А.К.(16) од Скопје и со истиот е извршен разговор во ПС „Бит Пазар“ во присуство на негов роднина.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.