По синоќешната тепачка кај ТЦ „Капитол“ во скопски Аeродором, во која беше вклучено и огнено оружје, полицијата успеа да пронајде и приведе еден од напаѓачите.
Станува збор за лицето А.К.(16) од Скопје и со него е извршен разговор во ПС „Бит-пазар“ во присуство на негов роднина.
Тепачката се случи синоќа околу 20.00 часот, кога две непознати лица извршиле физички напад над 14-годишен малолетник, кој бил заедно со уште двајца пријатели на возраст од по 16 години.
Напаѓачите го пресретнале зад трговскиот центар и почнале да ги бркаат, при што двајцата 16-годишни лица избегале во еден правец, а 14-годишниот малолетник се упатил во правец кон Ново Лисиче, но бил пресретнат од двете непознати лица и физички бил нападнат.
Во еден момент оштетениот успеал да избега по што лицата со ПМВ „мерцедес“ го напуштиле местото на настанот и откако стигнале во близина на ТЦ „Капитол“ од огнено оружје се истрелани неколку куршуми во непознат правец.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок за напаѓачот А.К.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.