Видеото на кое се прикажува млада слепа канаѓанка, како го гледа своето новороденче со помош на специјални високо-технолошки очила, во саботата го обиколи светот. Видеото ја прикажува 29 годишната Кејти Бејц, која го гледа малиот Аксел, кого го родила два часа претходно.
– Ова е првото бебе што го гледам и тоа е моето, вели младата жена пред камерата, додека детално ги гледа ноџињата и рачињата на бебето.
Младата жена страда од генетско макуларна дегенерација на очите, болеста на Штаргард (Stargardt). Таа првпат ги носи очилата, кои чинат 15 000 долари и им овозможуваат на луѓе кои не страдаат од целосно слепило, да користат видео технологија, која го проширува и засилува контрастот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)