За само четири дена Лацио двапати успеа да го победи Милан. Пред четири дена тоа го стори во првенствениот натпревар во Серија во кој славеше со 3-1 на Олимпико, а вчера успеа да го елиминира во четвртфиналето од Купот на Италија на Сан Сиро со гол од пенал во 38 минута, а сигурен реализатор беше Аргентинецот Лукас Биља.
Главниот судија оправдано покажа на белата точка откако играчот на Милан Албертаци играше со рака во казнатиот простор.
Милан неможеше да го најде патот до мрежата на гостите од Рим иако лацијалите останаа со играч помалку уште во првото полувреме откако беше исклучен албанскиот репрезентативец Љорик Цана поради два жолти картони во 40 и 45 минута.
Во второто полувреме росоњерите двапати ја погодуваа мрежата, но и двата гола беа оправдано поништени поради офсајд на играчите кои успешно стрелаа.
Во полуфиналето Лацио ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Интер и Наполи.
Вчерашниот нов пораз на Милан беше голем удар за првиот тренер Пипо Инзаги кој сепак го „преживеа“ и ќе го води тимот на првенствениот натпревар против Парма следниот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)