| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина Бугари киднапирани во Судан

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека шест бугарски државјани се киднапирани во јужниот дел на Судан.

Како што јави БТА, хеликоптер на бугарска авиокомапнија што вршела летови за Светската програма за храна на Обединетите нации, на 26 јануари принудно слетал во реонот на градот Кадугли во јужниот дел на Судан. Хеликоптерот летал на маршрура Румбек во Јужен Судан до Картум во Судан. Хеликоптерот имал дозвола за летање и од суданските и од јужносуданските власти.

Шестемина Бугари, тројца членови на екипажот и тројца претставници Светската програма за храна, се киднапирани од групата Суданско народно ослободително движење – Север, кое се бори против владините сили во регионот.

Претставници на Светската програма за храна стапиле во контакт со бунтовничката гупа. И бугарското МНР е во постојан контакт со кабинетот на Генералниот секретар на ОН и со други органи на светската организација кои се обидуваат да издејствуваат ослободување на бугарските заложници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top