Ноќеска во НБА лигата беа одиграни седум натпревари и на сите славеа гостинските екипи.
Кога се игра против најдобриот тим во НБА, тогаш мора да се пружи и најдобрата партија во сезоната.
Тоа го сфати и најдобриот играч на Чикаго, Дерик Роуз, кој ноќеска успеа да го одведе својот тим до победа против Голден стејт на гостински терен. Роуз постигна 30 поени вклучувајќи го и последниот кош на седум секунди до крајот на продолжението и со тоа ја прекина неверојатната низа на домаќините од 19 победи по ред на домашен паркет.
Иако тој постигна неславен личен рекорд од 11 загубени топки на еден меч беше предводник на својот тим во победата од 113-111 по едно продолжение. Томсон истотака со 30 поени беше лидер кај Голден стејт.
Со оваа победа Чикаго се искачи на осмото место во источната конференција.
Во второто дерби на вечерта во Тексас Мемфис со гранитна одбрана успеа да слави победа кај Далас од 109-90. Со третиот пораз во низа на Далас може да се каже дека се во резултатска криза.
Повторно Зак Рендолф беше носителот на играта кај Мемфис со 22 поени и 10 скока, Гасол додаде 15, додека добра вечер имаше и Гркот Ник Калатес со 13 поени.
Кливленд е во одлична серија од седум победи по ред. Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс беа немилосрдни кон Детроит и заслужено славеа победа од 105-93. Ирвинг буквално го изрешета кошот на домаќините со 38 поени додека Џејмс доаде 32.
Резултати:
Индијана – Торонто 91-104, Детроит – Кливленд 95-103, Мајами – Милвоки 102-109, Далас – Мемфис 90-109, Голден Стејт – Чикаго 111-113, ЛА Лејкерс – Вашингтон 92-98.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.