Тинејџерката Медисон Кијз го забележа најголемиот успех во кариерата со пласман во полуфиналето на Австралија опен, гранслем турнир што е прв во сезоната.
Во Мелбурн, Кијз со 2-1 ја победи Венус Вилијамс и спречи уште една мега пресметка на влијателните сестри Вилијамс. Последна пречка на патот до подвиг и финале ќе и биде Серена Вилјамс, која лесно со 2-0 во сетови ја елиминираше Доминика Цибулкова. Полуфиналето кај дамите ќе биде интересно и во знакот на САД и на Русија, бидејќи за едно место во финалето ќе бијат битка Русинките Шарапова и Макарова.
Во машка конкуренција Бердих и Мареј ќе играат за финале, а Вавринка го очекува победникот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Раониќ. Тој меч е во тек, а Вавринка уверливо со 3-0 го совлада Нишикори утрово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.