| четврток, 6 декември 2018 |

Удвоен бројот на џихадисти од Европа што се борат за ИСИС

Jihad / SyriaБројот на странските доброволци меѓу сунитските екстремисти во Сирија и во Ирак продолжува да расте. Според последните процени, станува збор за повеќе од 20.000 борци, од кои една петтина живеат во западноевропските земји, или имаат такво државјанство, проценува лондонскиот Центар за проучување на радикализацијата и на политичкото насилство.

Во анализата на ИЦСР се вклучени педесет земји за кои постојат податоци или доверливи процени од нивните влади, а не се вклучени земји од кои во воените подрачја заминале пет или помалку луѓе. Нема информации за земјите од југоисточна Азија.

За 14 земји од западна Европа за кои има веродостојни информации, лондонскиот центар проценува дека бројот на државјани што се приклучиле на екстремистите пораснал на речиси 4.000, што е двојно повеќе од процените во декември 2013 година и според последните процени на ЕУ.

 Најмногу доброволци се од Франција 1.200, а од Германија и Велика Британија има по 500-600, Од Белгија 440, Данска 100,  Шведска по 150. Од просторите на поранешна Југославија има од БиХ 330, од Косово 100-150, од Србија 50-70, а од Македонија 12.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top