| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Аеродром и во Битола, СДСМ со минимална предност во Велес

Кандидатите за градоначалници од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром и во Битола во убедливо водат пред нивните противници од коалицијата „Сојуз за иднината“. Тесно е во Велес, каде што кандидатот на СДСМ има минимална предност од два проценти пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според анкетата на Македонски центар за меѓународна соработка, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, се изјасниле дека ќе гласаат 58,1 проценти од испитаниците, а за кандидатот на СДСМ Диме Велковски 10,1 отсто. За советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ би гласале 44,2 , а за листата на СДСМ 13,3 проценти од анкетираните.

Во Битола, пак, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, рекле дека ќе гласаат 40,1 проценти од испитаниците, а за Менде Диневски од СДСМ 14,7 проценти. За советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 32,3, а за СДСМ 16,1 проценти.

Кандидатот на СДСМ, Аце Коцевски, води за 2% во Велес. За него се изјасниле дека ќе гласаат 33,4 проценти од испитаниците, а за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев се определиле 31,3 процент. За советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ рекле дека ќе гласаат 32,6 проценти, а за листата на СДСМ 15,3 проценти од анкетираните.

Анкетата е спроведена од Македонски центар за меѓународна соработка и од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје меѓу 8 и 11 март, на примерок од околу 800 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top