Директорот на полицијата на Косово Спенд Маџуни изјави дека во денешните масовни протести во Приштина се повредени 56 полицајци и оти досега се приведени над сто лица. Како што јави српската телевизија РТС, во протестите биле повредени над 80 лица.
– На еден полицаец му е тешко повредена главата, на друг раката. Останатите добиле повреди по телото, рече Маџуни.
Маџуни рече дека протестите ескалирале во насилни, кога одредени групи не се придружиле на мирните протести, туку почнале да го загрозуваат поредокот и јавната безбедност.
Директорот на косовската полиција рече дека се реагирало во зависност од ситуацијата. Тој рече дека полицијата реагирала врз основа на законскиот мандат за зачувување на безбедноста. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти во антивладиниот протест, кои фрлаа со молотови коктели и со камења врз силите на редот.
Меѓу приведените е и градоначалникот на Приштина и потпретседател на опозициското движење Самоопределување Шпенд Ахмети, кој нападнал полицаец. Набрзо потоа тој бил ослободен. Демонстрантите извикуваа „Долу Јаблановиќ, долу Србија“, „Трепча не ја даваме“, откако Владата не го исполни улитиматумот од саботниот протест за смена на Јаблановиќ. Демонстрантите, освен оставка на министерот Јаблановиќ бараат и комбинатот „Трепча“ да биде прогласен за јавно претпријатие.
Денешните демонстрации, во кои учествувале над 2.000 лица, се најголемите антивладини протести, откако Косово прогласи независност во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации