| четврток, 6 декември 2018 |

Во протестите против ПЕГИДА во Хановер повредени 29 лица, а 42 се приведени

eine-festnahme-waehrend-der-proteste-gegen-die-pegida-bewegung-in-hannoverВо демонстрациитепротив антиисламското движење ПЕГИДА во северниот германски град Хановер, повредени се 29 лица, соопшти ДПА, цитирајќи полициски извори.

Судирот меѓу противниците на ПЕГИДА и полицијата се случи синоќа во центарот на Хановер, а во него 24 полицајци и петмина демонстранти се повредени. И двете страни во судирот употребувале солзавец, а демонстрантите освен тоа врз полицајците фрлале и петарди и шишиња.

Уапсени се 42 лица, а половината од нив биле членови на локалната група „Хагида“, која се отцепила од ПЕГИДА (Патриотски Европејци против исламизацијата на Запад).

На протестот на ПЕГИДА присуствувале околу 200 учесници, додека во контрапротестот на противниците на антиисламското движење се вклучиле околу 2.000 лица, пресмета полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top