| четврток, 6 декември 2018 |

15 килограми чисти мускули за Бредли Купер

1399018704_braadley-cooper-before-after-weight-gain-american-sniper-american-hustle-suke-waterhouse-chris-kyleБредли Купер е главната ѕвезда на филмот „Снајперист“ (American Sniper), а за улогата се подготвувал со месеци. Освои Оскар номинација за најдобра машка улога, а и самиот филм вкупно има дури шест номинации.

Режијата е дело на легендарниот Клинт Иствуд, а Купер го олицетвори американскиот војник Крис Кајл, кој преживеа четири служења во Ирак, а живеел во согласност со еден кодекс – Бог, татковина, семејство. Филмот е направен според неговата биографија.

Не беше лесно да се отелотвори Кајл, но Купер во тоа успеа. Освен менталните подготовки, било потребно и физички да наликува на него.

– Имав за цел да добијам 15 килограми чисти мускули. Не како бодибилдер, туку да бидам повеќе како Крис. Тој беше многу голем и силен маж. Морав да дојдам до таа фаза во својата глава кога и сам можев да поверувам дека сум тој. Неговата големина беше голем дел од она што бил, рече Бредли Купер.

Додека траеле подготовките за улогата, неговата исхрана се состоела од високопротеинска диета, со која внесувал и повеќе од шест илјади калории (додека просечен маж дневно внесува околу 2.500 калории).

– Тоа беше голем шок за мојот организам. Кога внесуваш толку калории, твоето тело и побрзо старее, изјави славниот актер кој брзо се врати во нормала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top