Шпанското обвинителство побара казна затвот оддевет години за Сантијаго Санчез Рамирез, кој тврди дека во три наврати заземал позиции од кои со снајпер можел да го убие шпанскиот крал, премиерот или други високи државни лица. Рамирез тврди дека го сторил тоа со намера да покаже колку се ранливи кралското семејство, политичарите, фудбалерите, пишува Сем Џонс за Гардијан.
Рамирез резервирал хотески соби во блзина на парадите што се одржувале на Денот на независноста во 2012 и во 2013 одина, а истото го повторил и на денот на крунисувањето на кралот Фелипе VI во 2014 г. во трите случаи поставил телескопска камера која ги нанишанила кралот Фелипе VI, неговиот татко, поранешниот крал Хуан Карлос и премиерот Маријано Рахој.
После тоа видеоснимките, од кои едната се вика „Дента кога можев да го убијам кралот“, ги објавил на социјалните мрежи заедно со вцртани мети на луѓето во кои целел. Обвинителите наведуваат дека видеоснимките се професионално изработени и дека на „уверлив начин ја откриле можноста за атентат на јавни личности од висок профил, сугерирајќи дека таквите напади е лесно да се изведат“.
Рамирез за шпанскиот онлајн весник Ел кофиденсијал детално опишува како го извел акциите.
„Имав оружје, вистинско оружје, во актовката. Го прошверцував низ сите полициски контроли – сако покажував лична карта и кажував дека одам во хотел. Толку. Никој ништо не ми рече, а цела ноќ и цел ден бев таму“.
Освен кралот и премиерот, Ремирез на нишан ги држел и светски познатите фудбалери од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Гарет Бејл, но и претседтелот на Реал Флорентино Перез. Клупските челници кренаа паника кога Рамирез им ги испратил фотографиите од играчите што ги направил во тек на тренинг.
Рамирез бил уапсен во 2014 г. и кај него се пронајдени реплики од огнено оружје и дкативирано оружје. Но, биле рпонајдени о пет вистински пушки и пет пиштоли. Обвинетелството бара затворска казна од девет години и 10 години забрана за барање дозвола за носење оружје токму врз основа на тој факт – нелегално поседување оружје, пишува Гардијан.
Секако, потенцијалниот атентатор тври дека го направил ова за да укаже на неуредноста на сигурносните контроли и тврди дека полицијата и политичарите повеќепати сакал да ги предупреди за безбедносни пропусти.
„Сакав да ги предупредам дека постојат сериозни пропусто во Шпанија и да им демонстрирам дека е доволен само еден џихадист може да ги искористи. Но, никој не ме сфати сериозно“, пишува Ел конфиденсијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.