
Водата од штипскиот водовод е безбедна за пиење, поврдија резултатите од направените анализи на Републичкиот центар за јавно здравје
– Ние ја стаблизиравме состојбата со водата, ја третиравме и ја проверуваме на 15 минути, во соработка со Центарот за јавно здравје. Денес го добивме решението од Републичкиот центар дека водата може да се користи за пиење. Значи водата во Штип е исправна и може да се пие – изјави Ангел Бојаџиев, в.д. директор на Јавното претпријатие „Исар“ – Штип.
Состојбата со водата е стабилизирана, но од ЦЈЗ предупредуваат дека поплавите секогаш носат ризик од појава на заразни заболувања. Поради ова, од таму советуваат.
– Да се зголеми хигиената во здравсвено-воспитните установи, доколку има улици на кои има талог од поплавите да се измијат со поголем млаз вода, а граѓаните да користат безбедна вода за пиење и за готвење – советува д-р Велик Грков, раководител на Центарот за јавно здравје – Штип.
Инаку, проблем со вода за пиење сè уште имаат граѓаните од лакавичкиот регион, поради што Јавното претпријатие „Исар“ им обезбедува вода за пиење со цистерни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


